сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендата на Баерн Минхен по 22 години ќе замине на „печалба“ во Англија!

Легендата на Баерн Минхен по 22 години ќе замине на „печалба“ во Англија!

Тоа што до неодамна беше сметано за незамисливо, најверојатно ќе се случи следното лето, а тоа е заминувањето на Томас Милер од таборот на Баерн Минехн, каде што престојува повеќе од две децении и каде што е една од најголемите легенди на клубот.

Германските медиуми денеска објавија дека 32-годишниот фудбалер имал понуди од Англија, поточно од Евертон и од Њукасл, со напомена дека „црно-белите“ имаат далеку поголеми шанси да го ангажираат со оглед што го имаат најбогатиот газда во светот на фудбалот. Милер се приближува кон последната година од договорот со Баварците, поради што неговото заминување и тоа како ќе го „олесни“ буџетот за плати на гигантот од Минхен.

Германскиот репрезентативец го носи дресот на Баерн од 2000 година, што значи дека би заминал по точно 22 години „служба“ во најтрофејниот тим во Бундеслигата. А, ако Милер во овој или следниот преоден рок не добие задоволителна понуда, тогаш најавува одработување на целиот договор, а потоа заминување од „Алијанц арена“ како слободен фудбалер без никаква отштета.

Коронавирус