сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 41
home Фудбал

Легендата го одигра последниот натпревар: Иниеста и кажа „збогум“ на репрезентацијата

Иниеста ги помина сите репрезентативни категории со Шпанија, а дебито во репрезентативниот дрес го имаше во 2006 година.
Легендата го одигра последниот натпревар: Иниеста и кажа „збогум“ на репрезентацијата

Шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста ја заврши репрезентативната кариера.

Триесет и четири годишниот фудбалер пред почетокот на Светското првенство кое се одржува во Русија најави крај на репрезентативната кариера, а конечната одлука ја соопшти по вчерашниот натпревар и пораз за елиминација на Шпанија од Мундијалот.

Иниеста ги помина сите репрезентативни категории со Шпанија, а дебито во репрезентативниот дрес го имаше во 2006 година.

Со „Црвената фурија“ го освои Мундијалот во 2010 година, како и Европските првенства во 2008 и 2012 година. За Шпанија имаше 131 настап и 13 гола.

 

 

Коронавирус