петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 5
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Легендарниот турски голман Рушту Реџбер има коронавирус

Легендарниот турски голман Рушту Реџбер има коронавирус

Рушту Реџбер денеска итно бил пренесен во болница откако наеднаш му се влошила здравствената состојба. Легендарниот турски голман веднаш бил тестиран на коронавирусот и бил позитивен.

Вестите ги потврди неговата сопруга која побара од медиумите да ги остават на мир во овие моменти, кога здравјето на Рушту е најважно.

„За жал морам да соопштам дека мојот сопруг моментално се наоѓа во болница и има Ковид-19. Работите беа нормално, кога оддеднаш се појавија симптомите и неговото здравје брзо се наруши“, напиша сопругата на легендарниот голман на „Инстагррам“.

Рушту бранеше за Турција на 120 натпревари и засега е рекордер по бројот на настапи, а во клупската кариера беше на голот на Фенербахче, Бешикташ и кратко во Барселона.

Коронавирус