петок, 14. мај 2021. Вести денес: 104
home Фудбал

Легендарниот Греј Пол: Оливер донесе исправна одлука, беше пенал за Реал

Легендарниот британски фудбалски судија Греј Пол даде опсежна анализа за порталот Спортсмејл каде што објасни поради што неговиот колега Мајкл Оливер донесе исправна одлука свирејќи пенал во финишот на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус (1:3).
Легендарниот Греј Пол: Оливер донесе исправна одлука, беше пенал за Реал

Фудбалерот на Јувентус Мехди Бенатија влезе во контакт со Лукас Васкез па го оттурна во казнена простор.

За Оливер немаше дилеми, покажа на белата точка со која Кристијано Роналдо го однесе Реал во полуфиналето. Пред пеналот црвен картон доби голманот Џанлуиџи Буфон поради протест иако се знаеше дека ова веројатно беше неговиот последен настап во кариерата во Лигата на шампионите.

-Прво сакам да му честитам на колегата Оливер што остана смирен и со ладна глава во текот на тешките моменти на теренот. Не само што со причина го исклучи Буфон во моменти на агресивно однесување на граница на толеранцијата, туку пред тоа имаше право кога покажа на белата точка. Криво ми е што Фудбалската Асоцијација на Англија порано не ми даде поддршка на Оливер, во тој случај би бил во конкуренција и за Мундијал, рече Пол.

Тој додаде и дека тренерот на Арсенал, Арсен Венгер во една прилика му се смеел кога рекол оти на судиите на терен за тешки одлуки им е потребна голема храброст.

-Мислам дека сега увиде колку погрешно реагираше, потенцира Пол.

Коронавирус