вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 25
home Фудбал

Лече со Бобан Николов и Жута во плејофот за Серија А

Лече со Бобан Николов и Жута во плејофот за Серија А

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и некогашниот репрезентативец Леонард Жута со екипата на Лече успеаа да обезбедат плеј-оф за влез во најсилната Италијанска лига, односно Серија А.

Лече го освои четвртото место на табелата во Серија Б и продолжува во полуфиналето на плејофот за пополнување на местото во италијанската фудбалска лита.

Во денешното последно коло, Лече загуби на гостувањето кај новиот калчолигаш Емполи со 2-1. Николов беше стартер и играше до 78.минута кога му го отстапи местото на Мајер. Жута остана на клупата за резерви.

Освен Лече во плејофот ќе се најде и Монца , идниот клуб на Лука Станковски.

ЕУРО 2020

Македонија