понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Фудбал

ЛЕ: Челзи го преживеа пеколот на „Тумба“, Марсеј поразен дома од Франкфурт

ЛЕ: Челзи го преживеа пеколот на „Тумба“, Марсеј поразен дома од Франкфурт

Челзи го почна своето учество во Лигата на Европа оваа сезона со убедлива игра и победа како гостин на ПАОК во Солун.

Тренерот на „сините“, Маурицио Сари, пушти многу силен тим, покажувајќи дека Англичаните сериозно го сфаќаат противникот. „Сините“ забележаа победа со 1:0, иако англискиот тим можеше да го напушти стадионот „Тумба“ со многу поубедлив триумф.

Единствениот гол го постигна Вилијан во седмата минута, а напаѓачот Алваро Мората промаши неколку чисти шанси. Во следната рунда на 4 октомври, Челзи го пречекува МОЛ Види, а ПАОК оди на посета во Белорусија кај БАТЕ Борисов во групата „Л“.

Ајнтрахт Франкфурт пак се врати во европските клупски турнири на импресивен начин. Германците играат во Лига Европа за прв пат од 2014 година наваму, и го надиграа како гости ланскиот финалист Олимпик Марсеј со 2:1, иако играа со играч помалку во една третина од дуелот и заостануваа во резултатот во значителен дел од него.

Натпреварот на „Стад Велодром“ беше одигран пред празни трибини поради казната што ја претрпеа домаќините поради инциденти на нивните навивачи во минатогодишниот турнир.

Така, Ајнтрахт започна со три бода во групата „Х“, а во следниот натпревар го пречекува италијански Лацио. Од друга страна, Марсеј оди во посета на Аполо (Лимасол).

Резултати од 18,55 часот во ЛЕ, 1 коло:

Група „Г“
Рапид Виена – Спартак Москва 2:0
Виљареал – Ренџерс 2:2

Група „Х“
Лацио – Аполон Лимасол 2:1
Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Група „И“
Бешикташ – Сарпсборг 08 3:1
Генк – Малме 2:0

Група „Ј“
Акисарспор – Краснодар 0:1
Севиља – Стандард 5:1

Група „К“
Динамо Киев – Астана 2:2
Рен – Јаблонец 2:1

Група „Л“
ПАОК – Челзи 0:1
МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0:2.