недела, 5. декември 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

Лапорта: Уверен сум во победа над Реал, ако се случи – ќе славиме!

Лапорта: Уверен сум во победа над Реал, ако се случи – ќе славиме!

За в недела закажано е еден од најголемите фудбалски дерби дуели меѓу Реал Мадрид и Барселона. Првото овосезонско „Ел Класико“ ќе биде посебно по многу нешта, а првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта е оптимист дека избраниците на Роналд Куман ќе ги заборават проблемите и ќе извојува голема победа над најлутиот ривал.

„Имам добро чувство. Победивме на последните два натпревари, играчите заздравуваат, а Ансу Фати и Агуеро се вратија. Играме на свој терен и сакаме да ги израдуваме нашите навивачи. Очекувам натпреварот да биде одличен и љубителите на фудбалот да уживаат. Уверен сум дека ќе победиме, а доколку тоа се случи – ќе славиме“, вели претседателот на Барселона.

Двете екипи во оваа голема пресметка влегуваат расположени со оглед на тоа што остварија триумфи во Лигата на шампионите. Барселона на домашен терен славеше против Динамо Киев (1-0), додека Реал го совлада Шахтјор на гости со убедливи 5-0.

Коронавирус