вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Фудбал

Лапорт: Следниот пат Мората ќе постигне три и ќе им ја затне устата на сите

Лапорт: Следниот пат Мората ќе постигне три и ќе им ја затне устата на сите

Дефанзивецот Ајмерик Лапорт застана во одбрана на неговот соиграч од репрезентацијата, Алваро Мората кој е мета на критики по мечот меѓу Шпанија и Шведска кој заврши 0-0.

Мората пропушти неколку шанси за гол од кои едната беше идеална. Шпанија не успеа да ја победи Шведска, па по мечот имаше лавина критики за напаѓачот кои доаѓаа од сите страни.

„Не можете да се сомневате во напаѓач како Алваро кој веќе покажал многу. Следниот пат ќе даде три гола и на сите ќе им ја затвори устата“, Лапорт го бранеше Мората по мечот.

И Луис Енрике застана во одбрана на Мората.

„Слушнав и аплауз за Мората и ќе се фокусирам на тоа. Тој е одличен играч кој направил многу работи многу добро. Немаше среќа овој пат, но таков е фудбалот, тоа е животот“, вели селекторот на Шпанија.

Коронавирус