сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Фудбал

Лапорт на ЕВРО 2020 ќе настапи за Шпанија

Лапорт на ЕВРО 2020 ќе настапи за Шпанија

Фудбалската репрезентација на Шпанија ќе биде сериозно засилена за претстојниот европски шампионат откако челните луѓе на овој фудбалски сојуз објавија дека целокупната процедура за Ејмерик Лапорт да го облече дресот на „црвената фурија“ на ЕВРО 2020 е финиширана.

Асот на Манчестер Сити е роден во францускиот град Ажен, но има шпански семејни корени. Тој имаше настапувано за младинската репрезентација на Франција, но никогаш не беше повикан за настап за сениорскиот состав на „триколорите“ од селекторот Дидие Дешамп.

Идејата тој да настапува за Шпанија ја покрена поранешниот селектор Хулен Лопетеги, на чие инсистирање и беше покрената постапката за промена на „фудбалскиот пасош“ на Лапорт.

ЕУРО 2020

Македонија