недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Лампард шокиран по елиминацијата на Јунајтед

Лампард шокиран по елиминацијата на Јунајтед

Тренерот на Дерби Каунти, Френк Лампард беше презадоволен по победата на неговиот тим на средбата со Манчестер Јунајтед во Лига купот.

Дерби победи на пенали по нерешените 2:2 по 120 минути на „Олд Трафорд“

– Шокиран сум. Губевме во раната фаза, се вративме резултатски, на крајот примивме изедначувачки гол и по се покажавме карактер. Горд сум на моите играчи, рече Лампард.

Легендарниот фудбалер на Челзи оваа сезона за прв пат е во улога на тренер, ја предводи екипата на Дерби Каунти која настапува во Чемпионшип Дивизијата.

Коронавирус