недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Фудбал

Лампард: На Вернер му треба време за адаптација

Лампард: На Вернер му треба време за адаптација

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, ја коментираше серијата на напаѓачот Тимо Вернер без постигнат гол на девет натпревари.

Челзи синоќа го совлада Вест Хем со 3:0, а Вернер повторно не успеа да постигне гол.

– Воопшто не сум загрижен за тоа. Секој напаѓач сака да постигне гол затоа што тоа е неговата работа. Вернер постигна неколку погодоци во последните неколку години. Тој е одлично засилување за нас.

Му треба време да се приспособи на новиот шампионат. Како и да е, тој редовно се наоѓа во улогата на асистент и создава проблеми за одбраната на противникот. Сега тој нема среќа, но ова е привремено. Наскоро сè ќе се промени, и дефинитивно ќе ги видиме неговите погодоци, изјави Лампард за официјалната веб-страница на Челзи.

По 14 кола Челзи е на 5.место во Премиер лигата со 25 бода, шест помалку од лидерот Ливерпул.

Коронавирус