понеделник, 23. април 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

„Лалињата“ убедливи против европскиот првак

„Лалињата“ убедливи против европскиот првак

Репрезентацијата на Холандија забележа убедлив триумф со 3:0 над актуелниот европскиот фудбалски шампион Португалија, синоќа на пријателски натпревар одигран во Женева, Швајцарија.

Воедно, ова беше прва победа под водство на новиот холандски селектор Роналд Куман кој дебитираше на клупата на „лалињата“ во петокот со минимален пораз од Англија (0:1).

Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а стрелци беа Депај, Бабел и Ван Дајк.

Португалија средбата ја заврши со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кансело во 61.минута.