петок, 14. мај 2021. Вести денес: 62
home Фудбал

Лаказет: Одлуката на Венгер не шокираше

Лаказет: Одлуката на Венгер не шокираше

Фудбалерот на Арсенал, Александар Лаказет изјави дека сите во клубот биле затечени од изненадната одлука на менаџерот Арсен Венгер да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Францускиот менаџер во петокот соопшти дека летово, по 22 години ќе го напушти Арсенал.

-Сите бевме во шок, никој не очекуваше дека Венгер ќе го соопшти тоа, но сето тоа е дел од фудбалот. Знаевме дека во некој момент тоа ќе мора да се случи, но никако оваа година, но мораме да се помириме со тоа. Нам ни останува да ја освоиме Лига Европа за него, изјави Лаказет за француските медиуми.

Венгер со лондонскиот клуб освои 17 трофеи, меѓу кои и три пати првак на Англија, по 7 ФА Купови и Комјунити шилдови, а тимот го предводеше и до финалето на Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

Коронавирус