понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 76
home Фудбал

Лацио со два гола во судиското надополнување од пораз стигна до победа над Каљари

Лацио со два гола во судиското надополнување од пораз стигна до победа над Каљари

Во натпревар со драматична завршница, фудбалерите на Лацио славеа победа на гостувањето кај Каљари со 2:1.

Двата гола римскиот клуб ги постигна во судиското надополнување и поразот го претвори во победа.

Стрелци за гостите беа Луис Алберто во 90+3 и Каишедо во 90+8. минута. Претходно Каљари поведе во 8. минута со голот на Џовани Симеоне.

По 16.коло Лацио е е трет на табелата во Серија А со 36 бода, три помалку од водечкиот тандем Интер и Јувентус.

Каљари со 29 бода е петти.

Локални избори 2021