петок, 18. септември 2020. Вести денес: 27
home Фудбал

Лацио му нуди супер договор на Силва, куќа во Рим и приватен авион

Лацио му нуди супер договор на Силва, куќа во Рим и приватен авион

Давид Силва сеуште нема потврдено каде ќе ја продолжи кариерата откако реши да го напушти Манчестер Сити ова лето.

Според последните најави од Италија, Лацио кој е прв фаворит за потписот на Силва, на плејмејкерот му нуди двегодишен договор (со можност за уште една година), плата од 53 000 евра неделно, куќа-вила во центарот на Рим и приватен авион.

Спортскиот директор на Лацио, Игли таре веќе разговарал со Симоне Инзаги и добил зелено светло за да направи се што може да го ангажира Силва.

Шпанецот има понуди и од Валенсија, Бетис и од МЛС лигата.

Извор: Дриблинг.мк

Коронавирус