среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 148
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Ла Лига се жали, поднесува тужби против ПСЖ поради Мбапе

Ла Лига се жали, поднесува тужби против ПСЖ поради Мбапе

Раководството на шпанската фудбалска прва лига, Ла Лига, со официјално соопштение објасни дека подготвува тужба против ПСЖ.

Ова доаѓа по потврдата за продолжување на соработката меѓу францускиот шампион и фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе.

Од Ла Лига се сомневаат во работењето на ПСЖ, по наводите дека Мбапе ќе заработува по повеќе од 50 милиони евра годишно, и веќе добил бонус од 100 милиони евра за продолжување на договорот.

Според Ла Лига ПСЖ скандалозно го крши финансискиот фер-плеј на УЕФА. Клубот кој минатата сезона пријави загуба од 220 милиони евра, дојде до над 700 милиони евра финансиски дефицит за неколку сезони.

Ла Лига ќе вложи жалби против ПСЖ во УЕФА, кај француските власти, но и до ЕУ во обид за одбрана на економскиот еко систем на европскиот фудбал и заштита на финансискиот фер-плеј.

Шпанците остро го осудија начинот на работа и однесување на претседателот на ПСЖ, Насер ел Келаифи кој според нив го загрозува фундаменталното работење на европскиот фудбал и ги нарушува основните спортски вредности.

Инаку, шпаснскиот првак Реал Мадрид беше на чекор до потпис со Мбапе кој во последен момент реши да ја одбие понудата од кралскиот клуб и да ја прифати таа на ПСЖ.

Коронавирус