вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Квалификациите во Африка за пласман на СП 2022 се одложени за есен

Квалификациите во Африка за пласман на СП 2022 се одложени за есен

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави денеска дека африканските квалификации за Мундијалот 2022 во Катар, кои требаше да се играат во јуни, се одложени за ова есен и идната пролет поради пандемијата на коронавирус.

– Можеме да потврдиме дека, заедно со Африканската фудбалска асоцијација, донесовмеодлука за одложување на континенталните квалификации поради актуелните проблеми предизвикани од пандемијата на ковид-19 и желбата да обезбедиме оптимални услови за играње, соопшти ФИФА.

Во африканските квалификации учествуваат 54 држави, кои се борат за пет места на Светското првенство во Катар закажано за крајот на идната година.

ЕУРО 2020

Македонија