недела, 5. декември 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Квадрадо запрепастен од стајлингот на свој соиграч: Новиот продавач на „Мекдоналдс“ (ФОТО)

Квадрадо запрепастен од стајлингот на свој соиграч: Новиот продавач на „Мекдоналдс“ (ФОТО)

Хуан Квадрадо вчера одигра 65 минути во дерби пресметката против Интер на „Џузепе Меаца“, по што му го отстапи своето место на играчот кој подоцна се покажа како „џокер“ за гостите од Торино.

Пауло Дибала влезе на местото на Квадрадо и го постигна голот од пенал за израмнување на 1:1, по што фудбалерите на Масимилијано Алегри можеа да имаат многу порелаксирано утро денеска во тренинг центарот.

Нерешениот резултат го остави Јувентус во позитивна серија од девет натпревари без пораз, па доброто расположение кое владее во соблекувалната може да се заклучи и од објавата на Квадрадо.

Колумбиецот очигледно останал запрепастен и шокиран од стајлингот на својот соиграч Вестон Мекени, по што му предложи и ново работно место.

– Зборувајте ми за новиот продавач на „Мекдоналдс“, – гласи Инстаграм сторите на Квадрадо.

Коронавирус