четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 188
home Фудбал

Кутињо среќен по голот во дебито за Астон вила

Кутињо среќен по голот во дебито за Астон вила

Фудбалерот од средниот ред на Астон фила, Филипе Кутињо имаше одличен дебитантски настап за Астон вила. Бразилецот синоќа го постигна изедначувачкиот гол во дуелот (2:2) со Манчестер јунајтед во 22. коло од Премиер лигата.

– Ги пропуштив овие натпревари, ја пропуштив Премиер лигата. Мило ми е што сум тука со моите нови партнери. Добар почеток. До крај верувавме во себе дека нема да загубиме. Бев малку нервозен. Не сум толку добар во зборување, и оставам мојата игра да говори наместо мене. Среќен сум, тоа беше мојот прв натпревар и сега сакам да работам напорно и да влезам во подобра форма, изјави Кутињо.

По заминувањето од Премиер лигата фудбалерот имаше и подеми и падови.

– Тоа е во минатото. Сега сум овде и сум фокусиран на задачите кои ги постави клубот и тренерот. Сакам да им помогнам на моите партнери и на Астон вила, потенцира Кутињо.

По 20 одигран натпревари Астон вила има 23 бодови и се наоѓа на 12. место во поредокот од Премиер лигата.

Коронавирус