среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Кутињо е најблиску до Арсенал

Кутињо е најблиску до Арсенал

Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, најверојатно, ќе ја продолжи кариерата во Арсенал. Според „РАЦ1“, каталонскиот клуб е во напредни преговори со „топџиите“ и договорот би можел да се случи за неколку дена. Бразилецот ќе се приклучи на екипата на Микел Артета како позајмен, а неговата плата ќе ја плаќаат заедно Арсенал и Барса.

Првичната желба на Барселона беше да го продаде играчот од средниот ред за околу 80 милиони евра, но на „Камп Ноу“ не добија прифатлива понуда. Ова е причината зошто „Блаугранас“ веќе се подготвени да го испратат Кутињо на позајмица втора последователна сезона, откако ја помина последната кампања во Баерн (Минхен) по истата шема. Сепак, Баварците не ја искористија можноста да го купат.

– Не е тајна дека Кутињо сака да се врати во Англија. Шансите за тоа да се случи се многу реални. Има голем интерес за Филипе од неколку клубов”, изјави неодамна неговиот Киа Џорабчијан.

Кутињо беше дел од Ливерпул помеѓу 2013 и 2018 година, откако беше една од ѕвездите на тимот од Мерсисајд. Сепак, тој сакаше трансфер во Барселона и Каталонците платија 145 милиони евра за него, но играчот од средниот ред не ги исполни големите очекувања. Неговиот договор со Барса е до 2023 година.

Коронавирус