среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Фудбал

Куртоа за новата фудбалска реалност: Тоа не е баш добра слика, но…..

Куртоа за новата фудбалска реалност: Тоа не е баш добра слика, но…..

Тибо Куртоа ќе биде дел од утрешното четвртфинале на Европското првенство како вистински „ѕид“ пред голот на Белгијците во дуелот со Италија, но во моменти кога е максимално насочен на репрезентацијата, голманот во интервјуто за „Телефут“ сподели уникатни информации од соблекувалната на Реал Мадрид.

Искусниот чувар на мрежата се претвори во незаменлив на голот на „кралскиот клуб“ и ги оправда вложените средства пред три години, па откако добро ги запозна сите соиграчи од Реал Мадрид во овој период, сега си даде за право да открие интересни детали за своите колеги.

– Најтехнички поткован играч е Марсело. Технички е на неверојатно ниво, но блиску до него се и Тони Крос, Модриќ и Еден Азар. Најдобро облечен е Марко Асенсио, иако многу ми се допаѓаше и Рамос и неговиот стил.

– Кога се во прашање лутковците во соблекувалната, тројца се издвојуваат. Модриќ, Начо и Карвахал, тие едноставно не сакаат да губат ниту на тренинзите. Кога играме натпревари на тренинзите, секогаш се прави слика од победниците. Ги нарекувале „киселковци“ бидејќи имаат скиселени фаци, едноставно не сакаат да губат ниту на тренинзите.

– За забава во соблекувалната се грижат Марсело и Рамос, но одличен е и Тони Крос кој иако има кратки и брзи одговори, знае да биде многу смешен. Знам да се изнасмеа од него. За крај, по крајот на еден меч, може да видите 20 играчи како висат на телефон. Јас сум еден од нив, но постојано го користи телефонот и Модриќ. Не е баш добра таа слика, но таа е реалноста денеска, – порачува Куртоа.

Коронавирус