петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 116
home Фудбал

Куртоа со ултиматум до Челзи

Куртоа со ултиматум до Челзи

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа изјавил пред клубското раководство дека нема да го потпише предлогот за нов договор и ако не биде продаден ова лето, ќе си замине без пари по една година.

Белгиецот е трансфер цел за Реал Мадрид, но „сините“ одбиваат да го продадат додека не најдат соодветна замена.

До крајот на трансфер прозорецот во Англија остануваат само девет дена и од „Стемфорд Бриџ“ треба да одлучат дали да земат сега 35 милиони фунти за Куртоа, или да го испуштат 26-годишниот голман без пари по 12 месеци.

Куртоа треба да ги обнови тренинзите со Челзи следната недела – три дена пред затворањето на прозорецот. Неговата желба е трансферот да се реши порано.

Коронавирус