среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 145
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Куртоа: Сити е тежок противник, неговите фудбалери се движат брзо

Куртоа: Сити е тежок противник, неговите фудбалери се движат брзо

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги искажа своите очекувања пред полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

– Имаме многу тежок противник. Играчите на Манчестер сити се движат многу, сакаат да ја имаат топката во посед. Ќе биде тешко, но верувам дека ќе се снајдеме. Не знам колку „камбекови“ успеавме да направиме оваа година. Реал Мадрид има нешто посебно на „Бернабеу“. Ја задржавме надежта против Челзи и тоа ни помогна. И покрај резултатот 3:1 во Лондон, знаевме дека не е ништо готово. Се надеваме на позитивен резултат овде во Манчестер, па во Мадрид ќе се одлучува финалистот, изјави Куртоа.

Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите Манчестер сити – Реал Мадрид ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.

Коронавирус