четврток, 4. март 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Куртоа по елиминацијата на Реал во Суперкупот: Вознемирени сме, но ова не треба да не дефокусира

Куртоа по елиминацијата на Реал во Суперкупот: Вознемирени сме, но ова не треба да не дефокусира

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги сподели своите емоции по синоќешниот поразот во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија од Атлетик Билбао (1:2).

– Вознемирени сме, навистина сакавме да победиме и да играме во финалето. Сакавме да се бориме за титулата што ја освоивме минатата година. Мислам дека првиот гол беше резултат на неуспешно додавање, а вториот беше постигнат по офсајд позиција. Не мислам дека оваа загуба ќе влијае на нас. Нема потреба да ја спуштаме главата и да престанеме да работиме, истакна Куртоа.

Во финалето на Суперкупот на Шпанија ќе се сретнат Барселона и Атлетик Билбао. Натпреварот ќе се одржи на 17 јануари во Севилја.

Коронавирус