сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 21
home Фудбал

Куртоа: Дојдов во најдобриот клуб во светот

Куртоа: Дојдов во најдобриот клуб во светот

Реал Мадрид денес и официјално на јавноста и го претстави Тибо Куртоа, белгискиот голман за кој клубот плати 35 милиони евра.

На денешната прес-конференција, која следуваше по лекарските прегледи и претставување на теренот пред навивачите, Куртоа истакна дека е задоволен од потпишаниот шест годишен договор.

-Чест е, но и одговорност да се дојде во најдобриот клуб во светот. Не можам со зборови да искажам колку сум среќен и колку напори вложив за да дојдам во Реал Мадрид. Како дете сонував за Реал. Денес својот сон го исполнив. Го иднина ќе бидам еден од вас, изјавил Куртоа.

Коронавирус