вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Купи карта и биди поддршка за Македонија во натпреварот против Словенија

Купи карта и биди поддршка за Македонија во натпреварот против Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите и обожавателите на фудбалот во четврток да ја поддржат македонската репрезентација во натпреварот против Словенија.

Македонската А репрезентација вчера ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар за пласман на ЕУРО 2020 против Словенија кој се игра на 10. октомври од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари.

Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.