четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 43
home Фудбал

„Куп на федерации“: Младите репрезентативци подобри од Летонија

„Куп на федерации“: Младите репрезентативци подобри од Летонија

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години оствари победа со 1-2 против домаќинот Летонија во рамките на пријателскиот турнир „Куп на федерации“.

„Црвено-жолтите“ дојдоа до победа благодарение на Бојан Колевски, кој се запиша во листата на стрелците во 57-та и 75-тата минута. Домаќинот на турнирот го ублажи поразот преку Озолинс во 80-тата минута од средбата.

Македонија У19 наредниот меч го игра во сабота против врсниците од Украина, а во понеделник ќе ги одмери силите со Фарски Острови.

Коронавирус