сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

Куман за Меси: Така прават великаните

Куман за Меси: Така прават великаните

Лео Меси викендов голот на за Барселона против Осасуна го посвети на својот сонародник Диего Марадона, кој почина минатата недела. Аргентинецот прво постигна мајсторски гол, потоа го соблече дресот на Барса а на него остана оној Њу Олд Бојс. Тоа е матичниот клуб на Лео, но исто така тој е клубот за кој Марадона ја одигра својата последна сезона.

На сето ова реагираше Фудбалската федерација на Шпанија која симболично ја казни Барселона, додека Роналд Куман, тренерот на каталонците посочи:

“И јас бев изненаден од тоа што го направи Лео, навистина не знаев. Но така прават великаните како него. Прво за тоа како одигра и каков гол даде, а после и за посветата на Марадона. Покажа дека е голем во секоја смисла на зборот“.

Коронавирус