петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман: Пред нас е многу тежок натпревар против Реал Мадрид

Куман: Пред нас е многу тежок натпревар против Реал Мадрид

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Ла Лига со Реал Мадрид.

– Неодамна постигнавме добри резултати, тимот е самоуверен. Пред нас е многу тежок натпревар против Реал Мадрид, кој напредуваше во текот на сезоната. И ние се бориме за победа. За двата тима ова е многу важен натпревар кој може да го одлучи шампионот. Се надеваме дека утре Меси повторно ќе има одлучувачка улога. Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса. Сè мора да се направи совршено, рече холандскиот фудбалски стручњак.

Натпреварот е закажан за вечер во 21 часот на стадионот „Алфредо до Стефано“ во Мадрид.

На девет кола до крајот на Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид е трет со 63 бода, Барселона е втора со 65, лидер е Атлетико Мадрид со 66 бодови. (МИА)

Коронавирус