четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман не прифаќа помала отпремнина по отказот од Барселона

Куман не прифаќа помала отпремнина по отказот од Барселона

Холанѓанецот Роналд Куман, кој доби отказ на клупата на Барселона поради слаби резултати, одбива да прифати намалување на отпремнината што му се нуди, јавија денеска шпанските медиуми.

Куман ја презеде Барса во август 2020 година, напуштајќи го кормилото на холандската репрезентација пред истекот на договорот, а каталонскиот клуб за тоа плати пет милиони евра отштета.

Со Барселона потпиша двегодишен договор, но по 14 месеци беше отпуштен минатата недела. Во договорот со Барселона во случај на предвремен раскин на соработката е предвидена отпремнина од 12 милиони евра. Барселона сега му нуди на Куман седум милиони евра, што за холандскиот тренер е неприфатливо.

Коронавирус