четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Куман не му дозволи на Фирпо да си замине од Барселона

Куман не му дозволи на Фирпо да си замине од Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го блокираше трансферот на дефанзивецот Жуниор Фирпо во друг клуб.

Претходно беше објавено дека каталонскиот тим е подготвен да го ослободи 24-годишниот играч, но Куман реши да не го пушта, откако стана јасно дека нема да биде можно да се потпише со Ерик Гарсија од Манчестер сити во текот на зимата.

Фирпо го бараа Саутемптон, Милан и Гранада. Англискиот клуб сакаше да го изнајми за милион евра, но на крајот тој најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“.

Фирпо оваа сезона играше само четири пати во Ла Лига. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија