сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Фудбал

Куман му кажал на Суарез по телефон дека не смета на него

Куман му кажал на Суарез по телефон дека не смета на него

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, ќе го напушти клубот ова лето. Според новинарот Џерард Ромеро, новиот главен тренер на Каталонците, Роналд Коман, телефонски контактирал со Уругваецот и го известил дека не смета на неговите услуги, и покрај важечкиот договор.

Куман ја презеде Барса во текот на летото, заменувајќи го Кике Сетиен. Претходно, самиот Суарез изјави дека нема да ги напушти Каталонците.

Беше објавено дека за 33-годишниот Уругваец е заинтересиран неговиот поранешен клуб Ајакс, нудејќи 15 милиони евра.

Суарез ги брани боите на Барса уште од 2014 година. Минатата сезона тој постигна 21 гол и седум асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања.

Коронавирус