понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман ја пофали Барселона за играта во одбрана против Динамо Киев

Куман ја пофали Барселона за играта во одбрана против Динамо Киев

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, го пофали својот тим за изданието во одбрана на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите против Динамо Киев (1:0).

Нашата одбрана заврши одлична работа, Динамо не можеше да создаде ниту еден опасен момент. Се разбира, моравме да постигнеме повеќе, бидејќи резултатот 1:0 е секогаш ризичен до крајот на натпреварот, но дејствувавме добро без топка и игравме интензивно, истакна Куман.
Барселона е трета во Е-групата со три бода на три натпревари, Динамо Киев е на последната, четврта позиција со еден бод.

На првите две места се Баерн Минхен со девет и Бенфика со четири бода.

Коронавирус