понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Куман ја дозна казната, нема да ја води Барса на дербито со Атлетико Мадрид

Куман ја дозна казната, нема да ја води Барса на дербито со Атлетико Мадрид

Роналд Куман, тренерот на Барселона ја дозна казната поради црвениот картон што го доби на дуелот со Кадиз, во последното одиграно коло на Примера.

Холанѓанецот, на тој натпревар поради приговор кон четвртиот судија беше порано пратен во соблекувалната. За ова исклучување, дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија го казни со два натпревари.

На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на каталонскиот тим тврдеше дека не гледа причина зошто бил исклучен, и дека во Шпанија на тренерите лесно им се покажуваат картони. Тој додаде дека само го предупредил четвртиот судија дека има две топки на теренот и поради тоа, играта треба да се прекине.

Поради казната, Куман нема да може да ја води Барселона во дуелите со Леванте на „Ноу Камп“ и против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Локални избори 2021