петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Куман едвај го напушти „Камп Ноу“, навивачите го навредуваа и бараа си оди од Барса (ВИДЕО)

Куман едвај го напушти „Камп Ноу“, навивачите го навредуваа и бараа си оди од Барса (ВИДЕО)

Холандската легенда Роналд Куман, кој после 85 години е најлошиот тренер во историјата на Барселона откако го загуби и третото „ел класико“ по ред по вчерашниот пораз на „Камп Ноу“ од Реал Мадрид со 1-2, едвај си замина од стадионот откако го „нападнаа“ еден куп навивачи на Каталонците.

Навивачи на Барса цел еден час го чекаа Куман да го напушти стадионот во Барселона и на крај дочекаа, па кога Холанѓанецот се појави го опкружија неговиот автомобил и врескаа да си замине веднаш и да не се враќа во клубот, што веројатно нема ни да се случи.

Одамна има силен притисок за негова смена, но актуелната финансиска ситуација и криза, како и тешката отштета од 12 милиони евра која треба Каталонците да му ја исплатат ако предвреме му го раскинат договорот беа голема пречка досега. Дали Жоан Лапорта и раководството ќе се предомислат допрва ќе биде познато.

Барселона синоќа веднаш после овие сцени реагираше со соопштение посочувајќи дека потегот на навивачите е непримерен и недозволив.

„Барселона јавно ги осудува насилните и непримерните потези на навивачите, кои ги почувствува нашиот тренер. Клубот ќе ги преземе сите безбедносни и дисциплински мерки за ваквите немили настани да не се повторат во иднина“, објави Барса.

Коронавирус