недела, 26. септември 2021. Вести денес: 60
home Фудбал

Куман: Дуелот со Баерн Минхен ќе покаже дали можеме да се носиме со најсилните

Куман: Дуелот со Баерн Минхен ќе покаже дали можеме да се носиме со најсилните

Барселона го дочекува Баерн Минхен на старотот од новата сезона во Лигата на шампионите, со амбиција за спортски реванш по оној пораз од 8:2 на „Камп Ноу“ во 2020 година.

Без Агуеро, Брајтвајт, Дембеле, Дест, Фати и Роберто, Куман мора да склопи тим кој би се носел со баварскиот гигант.

-Мора да внимаваме затоа што Баерн Минхен во моментов е во топ форма, на врвот. Важно ќе биде да ја контролираме топката, тоа е клучот за победа. Имавме промени во тимот и потребно ни е време. Јас мислам за иднината и давам шанса на млади играчи. Дуелот со Баерн Минхен ќе покаже дали можеме да се носиме со најсилните, изјави Куман.

Коронавирус