понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 26
home Фудбал

„Кршењето вилица на таксистот не се исплати“: Фудбалерот се пофали како ја отслужува затворската казна во рок од 50 дена (ФОТО)

„Кршењето вилица на таксистот не се исплати“: Фудбалерот се пофали како ја отслужува затворската казна во рок од 50 дена (ФОТО)

Никлас Бендтнер во месец ноември ја повлече жалбата до судот во Копенхаген и одлучи да стави крај на инцидентот со таксистот кој го прогонуваше со месеци, а со самото тоа ја прифати 50-дневната затворска казна која претходно му беше изречена.

Единствено непознато беше тоа како големата фудбалска ѕвезда ќе ја одлежи казната која му беше одредена, а денеска тој преку социјалните мрежи откри дека почнал да ја отслужува истата, со тоа што носи електронска алка за домашен притвор која го ограничува неговото движење.

Во своето обраќање до фановите, Бендтнер се покаја за својата постапка која заврши со скршена вилица на таксистот, иако потенцира дека човекот се однесувал многу невкусно кон него и неговата девојка за време на превезувањето.

 

View this post on Instagram

 

Swipe til venstre for tekst

A post shared by Nicklas Bendtner (@bendtner14) on