среда, 28. јули 2021. Вести денес: 158
home Фудбал

Крос откри што разговарале со Роналдо по натпреварот во кој Германија ја надигра Португалија

Крос откри што разговарале со Роналдо по натпреварот во кој Германија ја надигра Португалија

Тони Крос и Кристијано Роналдо беа во крупен план по натпреварот пред два дена во кој Германија со 4:2 ја надигра селекцијата на Португалија.

36 годишниот Роналдо не можеше сам да и парира на селекцијата на „панцирите“, па попуст беше неговиот погодок во 15. минута со кој се отвори резултатот.

Неколку дена по натпреварот, Тони Крос откри детали од тоа што разговарале по крајот на дерби пресметката одиграна во Минхен.

– Ми беше мило што го гледам, не бевме видени долго време затоа што со Реал не игравме против Јувентус. Зборувавме за натпреварот и за натпреварите што ни следат. Му посакав успех и се надевам ќе се квалификуваат во следната фаза, исто како нас. Исто го прашав и како се снаоѓа во Италија затоа што е таму веќе три години, -изјави Крос и ги расчисти дилемите за тоа што зборувале со Роналдо.

Коронавирус