понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Крос еден месец надвор од теренот поради повреда

Крос еден месец надвор од теренот поради повреда

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос нема д абиде на терените еден месец поради повредата, соопшти актуелниот европски и светските шампион.

Германскиот репрезентативец се повреди викендов во поразот против Сосиједад (2:0) и им се приклучи на Герет Бејла, Марко Асенсио и Дијаз, кои од истата причина не му се на располагање на тренерот Сантијаго Солари.

На место Крос, шанса во стартната поставка на следниот дуел ќе добие Дани Себалос, веќе претстојниот викенд против својот поранешен клуб Бетис.

Покрај Бетис, Крос ќе ги пропушти и средбите со Леганес во Купот на кралот, потоа со Севиља, Еспањол и Алавес во Примера, а останува неизвесно дали ќе биде целосно подготвен за градското дерби со Атлетико на 10 февруари.

МИА