среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Кркиќ: Барса фаворит? Предвидувањата не се сметаат

Најмногу голови Кркиќ постигна како тинејџер за Барселона (43), но никогаш не успеа да го исполни потенцијалот
Кркиќ: Барса фаворит? Предвидувањата не се сметаат

Бојан Кркиќ, некогашната голема надеж на европскиот фудбал рече дека натпреварот меѓу Барселона и Рома ќе биде преубав за гледање и оти клубот од Рим не е без шанси.

-Тоа ќе биде преубав натпревар, а мечот на Камп ноу ќе биде одлучувачки, изјави напаѓачот.

Кркиќ, кој кариерата за почна во Барселона додаде дека предвидувањата не се сметаат и оти Рома има шанса во овој натпревар.

-Барселона фаворит? Предвидувањата не се сметаат. Рома шанса доколку на Олимпико дојде до добар резултат, а се почнува од вечерва, посочи Кркиќ.

Тој е играч на Стоук, но во моментот е на позајмица во Алавес за кој одигра 13 натпревари и постигна еден гол.

Некогашната голема надеж на европскиот фудбал во кариерата по Барселона играше за многу клубови, меѓу кои се Рома, Милан, Ајакс, Мајнц и сега како играч на Стоук.

Најмногу голови постигна како тинејџер за Барселона (43), но никогаш не успеа да го исполни потенцијалот.

Коронавирус