понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Кристијан Ериксен се сели во Баерн Минхен?

Кристијан Ериксен се сели во  Баерн Минхен?

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен може да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен, пренесува „Спорт1“.

Според извештаите на медиумите, 27-годишниот дански фудбалер е отворен за можноста за преселба во германскиот клуб.

За играчот од средниот ред се заинтересирани и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Ериксен има 11 натпревари за тимот од Лондон оваа сезона, со еден гол и една асистенција на сите турнири.

Неговиот договор со „петлите“ од Лондон е до 30 јуни 2020 година.