Еден од најважните фудбалери на Нотингем Форест напаѓачот Крис Вуд го продолжи договорот и сега се обврза на верност со оваа екипа до 2027 година.
Актуелната сезона за Вуд е и неговата најдобра во кариерата бидејќи постигна 23 гола, додека вкупно од доаѓањето во 2023 година на 58 натпревари беше стрелец на 29 погодоци.
Пред Нотингем Вуд играше за Њукасл од каде што дојде во редовите на „Шумарите“, а претходно настапуваше за ВБА, Брајтон, Барсли, Бирмингем и уште неколку клубови.