петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Крауч: На Салах на клупа му беше како на мене против Андора

Крауч: На Салах на клупа му беше како на мене против Андора

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, Питер Крауч, изјави дека од сопствено искуство знае оти Мохамед Салах воопшто не уживал синоќа во улогата на резерва на дуелот со Евертон.

Иако одмораше и не му беше потребен на Ливерпул за да слави во градското дерби, легендата Крауч знае како му било на Египќанецот.

„Се сеќавам еднаш Англија играше со Андора и иако селекторот ме остави на клупа, јас сакав да играм. Мислам дека и Салах на клупа седел како на игли. Сака да игра, сака да биде прв стрелец, тој од крило прејде во себичен напаѓач. Не ужива на клупата, сака да биде на терен и да даде два-три гола“ – изјави Крауч. (МИА)

Коронавирус