среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 115
home Фудбал

„Кралот“ на фудбалот, Пеле го слави 80. роденден

„Кралот“ на фудбалот, Пеле го слави 80. роденден

Легендарниот бразилски фудбалер, трикратен светски шампион Пеле денес наполни 80 години.

Пеле е единствениот фудбалер во светот што трипати го има освоено Светското првенство како играч. Тој е исто така најдобар млад фудбалер за СП 1958 и најдобар играч за СП 1970, освојувач на Интерконтинентален куп и Копа Либертадорес, освојувач на Суперкупот на меѓуконтинентални шампиони и десеткратен шампион на државата Сао Паоло.

Во текот на својата кариера, Пеле играше за Сантос и Њујорк Космос, а исто така одигра 92 натпревари и постигна 77 погодоци за репрезентацијата на Бразил.

Вкупно за време на неговата кариера, тој постигна 1.289 гола на 1.363 средби. (MИА)

Коронавирус