петок, 4. декември 2020. Вести денес: 99
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Фудбал

Видео: „Кралевите“ како на тренинг против Јувентус

Видео: „Кралевите“ како на тренинг против Јувентус

Италијанскиот шампион подобро го започна мечот и диригирани од Пјаниќ, страничните фудбалери на Алегри создаваа многу проблеми за „кралевите“. По една акција на Алекс Сандро по левата страна, Дани Карвахал подметна нога и ја погоди сопствената мрежа. Примениот гол не ги поколеба мадриѓаните, кои во финишот на првиот дел со прекрасниот гол на Бејл, израмнија на 1-1.

Кога Марко Асенсио влезе во игра на почетокот од вториот дел и ја зазеде улогата на лажна деветка, започнаа проблемите на „старата дама“. Најнапред по акцијата на Винициус, младиот шпански репрезентативец Асенсио ја втурна топката зад грбот на Шчесни и за првпат го доведе шпанскиот тим во водство.

Не минаа ни десетина минути, а по акцијата на Себаљос, Асенсио со десната нога биеше во пад, Шчесни не интервенираше најдобро и топката по третпат заврши зад неговиот грб. Следеше реакција на Јуве, шанси на Кјелини и Бернадески, но резултатот не се менуваше. За Реал Мадрид првите минути ги одигра младиот украински голман Лунин.

Ова е прв пораз на Јувентус на Интернационалниот Куп на шампионите, по победите над Баерн и Бенфика по изведувањето на пенали.

Коронавирус