понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 149
home Фудбал

Крај на фантастичната серија на Роберт Левандовски

Крај на фантастичната серија на Роберт Левандовски

Баерн Минхен рутински славеше на гостувањето против Гројтер со 1-3, но Роберт Левандовски незадоволен го напушти теренот н синоќешниот натпревар. Причината е неговото непостигнување на погодок на оваа средба, со што беше прекината фантастичната серија од 19 натпревари на кои Полјакот најмалку по еднаш ја тресеше противничката мрежа.

Оваа серија почна на 15 февруари, кога Левандовски биеше прецизно на дуелот со Арминија Билефелд. Од тој меч, па се до вчера полскиот ас редовно се запишуваше во листата на стрелци на сите натпревари на кои ќе се појавеше на теренот.Последниот ривал кому Левандовски му немаше дадено гол пред Гројтер е мексиканскиот прволигаш Тигрес, во финалето на клупскиот мундијал.

Баерн Минхен моментно е лидер на табелата со пет победи и едно реми во почетните шест кола од Бундес-лигата.

Локални избори 2021