вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 72
home Фудбал

Крај на една преубава приказна, капитенот Буфон заминува од Јувентус: Беше тоа убаво патување…(ВИДЕО)

Крај на една преубава приказна, капитенот Буфон заминува од Јувентус: Беше тоа убаво патување…(ВИДЕО)

Џанлуиџи Буфон во сабота ќе го одигра својот натпревар за Јувентус. На денешната прес конференција тој објави дека заминува од клубот за кој даде многу што…

После 17 години патување со Јувентус, Џанлуиџи Буфон одлучи да ја на напушти Старата дама, а тоа го објави на денешната прес конференција за новинари. Легендарниот голман во Јувентус дојде уште во 2001 година од Парма за рекордна сума за 53 милиони евра, а во Јувентус стана можеби најдобриот голман во историјата. Освои дури 20 титули, но за една титула и понатаму ќе остане тага. Големата желба на Буфон беше Лигата на шампионите, која имаше шанса да ја освои три пати, но сите три финалиња ги изгуби.

-Џиџи беше со нас цело време на ова долго патување, со сите потешкотии и потоа враќањето во рајот. Ќе му бидеме секогаш благодарни за неговата верност. Сакам Џиџи да знае дека има голема поддршка од нас во иднина. Сакам да ужива во последниот натпревар во Торино, големо благодарам Џиџи, ја започна многу емотивната прес конференција Андреа Ањели, а Буфон продолжи:

-Големо благодарам на претседателот на убавите зборови. Ова е многу емотивен ден за мене, каде сум на крајот на едно преубаво патување, кое го делев со луѓе кои одлично се грижеа за мене, започна Буфон, па продолжи:

-Во сабота ќе биде мојот последен за Јувентус каде ќе го завршам ова патување со две освоени титули со претседателот и целиот свет Бјанконери, кои се со мене, што ќе биде нешто посебно. Сакам тој ден да го прославам како многуте титули досега. Горд сум што давав се од себе до последниот ден. Ја донесов оваа одлука со мирен и чист ум.

-Се чувствувам моќно и во 40-тата година благодарејќи само на Јувентус и одличнио менталитет кој владее овде. Мојот личен менталитет е изграден овде околу клубот и имам намера да продолжам  и тоа единствениот начин на кој знам и можам да остварам успеси, кажа Буфон.

Тој напомена дека клубот не треба да се грижи околу неговиот наследник.

-Во Шчезни Јувентус има одличен голман, кој е 13 години помлад од мене. Мислам дека ќе ме замени многу добро, кажа Буфон.

Легендарниот Џиџи се уште не е сигурен дали ќе ја продолжи кариерата во некој друг клуб или како што е желбата на сите фанови на Јувентус, тој да биде негов последен клуб.

-Ако сакам да продолжам кариерата, тоа ќе биде негде каде и понатаму ќе бидам во состојба да давам најдобри партии. Но, тоа е нешто за кое морам добро да размислам. Не сакам да ја завршам кариерата играјќи за некои нисколигашки клубови. Но, можам да кажам дека сум почестен што добив доста понуди.