Некогашниот италијански фудбалски репрезентативец Алберто Џилардино одлучи да стави крај на играчката кариера, пренесува Газета дело спорт.
Членот на шампионскиот им на Азурите од Мундијалот во 2006 година и некогашен голгетер на Пјаченца, Верона, Парма, Милан, Џенова, Болоња и кинескиот Гуангжу минатата сезона ја помина во Специја.
Џилардино има 36 години, а неодамна запиша тренерска школа , а пред да се пензионира ја одби понудата од матичната Пјаченца, која во моментов игра во Серија Ц.
Тој имаше доста успешна кариера и своевремено беше голема ѕвезда на италијанскиот фудбал, иако експертите велат дека не го достигна нивото кое од него се очекуваше, но и покрај тоа неговата бројка од 188 голови во Калчото е импозантна.
Со Милан ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупо, Светското клупско првенство, но главно беше резерва на Филипо Инзаги, а има титула и со Гуангжу Евенгард во Кина.
Со селекцијата на Италија беше младински европски првак, има олимписка бронза во Атина во 2004 година, а секако најголем успех му светскиот пехар во 2006 година во Германија.
На тој турнир почна како стартер, даде гол во групната фаза против САД и му асистираше на Дел Пиеро во полуфиналето против Германија. На 60 натпревари за националниот тим постигна 19 голови.