среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 26
home Фудбал

Костов си замина од Ренова

Костов си замина од Ренова

Влатко Костов и македонскиот фудбалски прволигаш се разделија, откако тренерот го напушти клубот по високиот пораз од Шкендија.

Се очекува управата на „гипсарите“ во текот на денешниот ден да назначи нов предводник.

-Оставката е прифатена од страна на раководството на клубот. Ренова сака да му се заблагодари на Влатко Костов за неговиот придонес и му посакува среќа во идните ангажмани, стои во клупското соопштение.

Ренова веќе утре ја очекува реваншот од полуфинлната куп пресметка со Шкендија.

На првиот дуел резултатот беше нерешен 1:1.

Коронавирус