понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Коста се извини за плукањето

Коста се извини за плукањето

Бразилскиот фудбалер, член на Јувентус, Даглас Коста на вчерашниот натпреварот со Сасуоло плукна противнички играч и доби црвен картон.

Инцидентот се случи во четвртата минута од судиското надополнување и за Бразилецот ќе значи 3-4 натпревари суспензија во следните рунди на Серија А.

– Им се извинувам на сите поради мојата непримерна реакција. Се извинувам на навивачите, соиграчите, на сите. Тој потег беше навистина одвратен. Ова мое однесување нема ништо заедничко со тоа што го покажував во текот на мојата кариера, напиша Коста на неговиот Инстаграм профил.

Поради непримерното однесување, бразилскиот интернационалец ќе биде казнет и од клубот, најави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Коронавирус